11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Денеска рано наутро се вапцуваат јајца – Денеска е Велики четврток. Која е симболиката на црвеното јајце ?!

Денеска е Велики Четврток, ден кога рано наутро се вапцуваат велгденските јајца, каде потребно е да преовладува црвената боја. На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Христос.

На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, уште се нарекува божјаче, и откако ке се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Според Христијанството се препорачува јајцата да се фарбаат во црвената боја која има симболика на победа.

Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.

 

 

Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.

Би можело да ве интересира

Традиционален Божиќен ручек за 500 деца

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СВ.АРХАНГЕЛ МИХАИЛ (АРАНГЕЛОВДЕН)

Елизабета Филипоска

Хуманитара акција на децата од Детската Амбасада за Сите Деца во Светот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе