11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Асфалтирани краци од „Пчиња„ за возачите да немаа сообрајќани проблеми

Граѓаните кои што живеат на улица „Пчиња“ во урбаната заедница „Гоце Делчев“, а особено возачите што минуваат во овој дел од Прилеп, немаат веќе да имаат сообраќајни проблеми. Заврши асфалтирањето на пет краци на оваа сообраќајница во должина од 320 метри, а со вкупна површина од 900 метри.

Освен на оваа улица, во тек се градежни акивности на повеќе локации во градот. Се санираат и
асфалтираат ударните дупки, се подобруваат условите за непречено одвивање на сообраќајот на сите учесници.
Општина Прилеп ги користи поволните временски услови, така што се работи на реализација
на планираните активности од комуналната програма. Со почетокот на новата градежна сезона, ќе се интензивираат активностите за изградба и реконструкција на патната
инфраструктура, која што е дел од годишната програмата за улица и патишта на Општина
Прилеп.

Би можело да ве интересира

„Шеќерното дете“ од Ресен ќе гостува во Прилеп

Пела Редакција

Хасаниќ: македонските музички таленти се добредојдени на „Студентско лето“ во Маглај

Гордана Цветаноска

Прилеп: 40 новозаразени, двајца починаа од последици на Ковид

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе