11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За македонските работи

Од осамостојувањето, па се до денес, Македонија е на раскрсница. Постојаната кочница, која требаше да биде краткотрајна, за да прерасне во неколку децениски проблем е северниот сосед и проблемот што таа земја го има со нашето уставно име. Краткотрајното прашање, се претвори во единствен и досега незабележан во светската историја пример на каков начин една држава може да го сече патот на соседот кон европскиот пат и патот кон НАТО.
Внатрешно – политички превривања, обвинувања за корупција и криминал, несогласувања околу основните национални прашања, раздвоеностите на најголемите политички партии во врска со надворешната политика, се се ова прашања за кои постојано се дебатира во Република Македонија. Настаните добиваат забрзана динамика, а ова уште повеќе со подгревањата од најавите за скоро решавање на отворените прашања со Грција, доближување кон ЕУ и НАТО, признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

– Во која насока се движи Република Македонија?
– Како да ги решиме предизвиците пред нас?
– Како на овие прашања гледаат Македонците во светот, надвор од татковината?
– Што имаат нашинците во светот да споделат со нас, да не поучат?
– Имаат ли Македонците во светот, надвор од матицата, еднакво право на тоа, како и ние во Македонија кои постојано се соочуваме со проблемите на опстанокот, и со на политичките предизвици?
Со серија од разговори со истакнати претставници на македонската заедница во Австралија, Европа, САД и Канада ќе ги бараме одговорите на овие прашања.

Првото интервју од серијалот насловен „За македонските работи“ е со Крис Ангелков – еден од најпрепознатливите личности на македонската заедница во Австралија.

 

        За македонските работи со Крис Ангелков, заменик претседател на  Македонската заедница од Западна Австралија

Радио Пела: Како ја оценувате моменталната состојба во Македонија, од агол на човек кој е политички неопределен, но затоа пак национално е длабоко вклучен во активностите на македонската заедница во Австралија.

Сметам дека актуелната ситуација во Македонија е ништо помалку од неверојатна трагедија за која воопшто не можеше да се сонува во најлош кошмар. Глупоста, наивноста и предавничкото однесување на ова сегашно раководство е надвор од верувањето.

Радио Пела: Кои се грешките на поранешната гарнитура предводена од ВМРО ДПМНЕ која владееше повеќе од 10 години во Македонија во делот на меѓународната политика за афирмација на државата, но и решавање на националните меѓуетнички прашања во Македонија?

Претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ падна во стапицата за продолжување на апсурдните “преговори за името” со Грците и со Метју Нимиц, давајќи впечаток дека Македонија е доволно глупава и наивна за да може да се повлече и да направи немилосрдни отстапки на целосно неоправданите тврдења на Грција .
Нивната друга монументална грешка беше да се поклонат на опасните барања на нивните поранешни терористички албански коалициски партнери во ДУИ само заради држење на власта, без оглед на штетата што овие барања на крајот ќе ги донесат во нашата земја.
Имаше многу други грешки што ги направи ВМРО ДПМНЕ, а една од најочигледните беше претерувањето со спомениците, наменските промени на имињата на аеродромите и автопатиштата до тој степен што стана смешно. Речиси сите ние во Австралија го сакаме и го почитуваме споменикот на Александар Велики на плоштадот Македонија. Сепак, дали требаше да го имаме аеродромот именуван по него и автопатот именуван по него? Дали треба да ги имаме тие смешни ресторани и барови “бродови во Вардар” изградени од бетон и челик или оние смешни палми во средината на Вардар? Барокизацијата на многу од нашите згради во Скопје исто така е збунувачка. Сите овие работи бараа многу владини трошоци и се поставува прашањето за приоритетите на владата кога здравјето, образованието, состојбата на патиштата и инфраструктурата беа во толку лоша состојба. На крајот верувам дека многу наши луѓе во Македонија имаа повеќе од доволно за ова.

Радио Пела: Неодамна жестоко реагиравте на иницијативите од страна на актуелната власт предводена од СДСМ во нивните намери за членство во НАТО и приближување кон Европска Унија. Кои се главните забелешки од Ваша страна?

Никој не е против Македонија да се приклучи кон НАТО или ЕУ само по себе. Сепак, прашањето е по која цена? Дали треба да го смениме нашето име и идентитет за да станеме членка на овие организации? Која друга земја која се приклучи кон НАТО и ЕУ беше принудена да го промени своето име? Ако сме принудени да направиме катастрофални промени, тогаш подобро е да не сме дел од овие организации. Земја како Велика Британија ја напушти ЕУ. Земји како Грција се банкротираат и многу други земји-членки на ЕУ повторно размислуваат дали – оптоварувањето и диктаторската, бирократска природа на ЕУ се вредни за членство.

Радио Пела: Се чувствувате ли немоќни како дијаспора да сторите нешто повеќе во врска со моменталниот тек на настаните во Македонија?

Во моментов во Македонија е јасно дека сегашната „квислиншка влада“навистина нема друг избор, освен да ги почитува наредбите на нашите господари од САД и од ЕУ. Апсурдните и понижувачки отстапки што сме принудени да ги направиме на албанското малцинство во Македонија и на нашите соседни земји, чија главна цел е да се уништи Македонија, се срамни како што се и предавнички. Албанското малцинство ја искористи глупоста и непријателството меѓу ВМРО и СДСМ и извлекуваше отстапки далеку повеќе од нешто што може да се смета за фер и разумно. Двете најголеми македонски партии, за жал, ја поставија желбата за моќ пред нашиот национален интерес и не се грижат дека Македонија ќе биде избришана од светската карта. Ние во дијаспората се чувствуваме револтирани, беспомошни и потполно шокирани. Никогаш во нашиот најлош кошмар не очекувавме нашата земја да падне на ова ниско и опасно ниво, со нашите луѓе што живеат таму да не се грижат, всушност дури и ги повикуваат овие предавници да направат што е потребно за да влезат во НАТО и во ЕУ, по цена и ако тоа значи дека Македонија имплодира и е избришана од картата.

Радио Пела: Што лично Вие како Македонец и долгогодишен активист за македонската кауза предлагате за надминување на кризата?

Првото нешто што треба да се направи е овие “преговори за името” со Грција да бидат целосно напуштени. Треба да бараме влез во Обединетите Нации под нашето уставно име на Република Македонија и да ги искористиме сите светски и меѓународни права што се достапни.
Второ, овој Закон за албански јазик да стане втор службен јазик на Македонија мора целосно да се напушти бидејќи е деструктивен и закон кој раздвојува и кој ќе го уништи унитарниот карактер на државата. Единствено што може да се постигне е – штета и апсолутно никакво добро не може да дојде од спроведувањето на овој закон. Сите малцинства имаат право да зборуваат, учат на својот мајчин јазик, но Македонскиот јазик е официјален јазик на нашата земја, кој не обединува како граѓани на Република Македонија.
Трето, со овие понижувачки напори за смирување на Бугарија со сервилни отстапки, вклучувајќи преработување на нашата историја за да се задоволи нивниот наратив, мора веднаш да се запре.
Четврто, во Македонија во наредните 6 месеци треба да се одржи правилно Попис, за да се утврдат точно броевите и концентрациите на различните малцинства надвор од какво било сомневање.
Петто, мора да се формира постојана и независна комисија за борба против корупцијата која ќе ја испита и искорени корупцијата, непотизмот, манипулацијата со медиумите и судството. Оваа комисија мора да се формира на бипартиска основа и членовите на оваа комисија не можат да бидат едноставно отпуштени или заменети со последователните влади.

Радио Пела: Дали мислите дека се работи за криза на македонскиот идентитет само кај политичарите или станува збор за општа – генерална криза на идентитетот на денешната генерација Македонци?

Па сигурно имаме општа-генерална криза на македонскиот идентитет.
Кога нашите политички лидери не‘ понижуват секој ден со глупави решенија и договори со соседите, кога Македонската Православна Црква и се поклонува и понижува на Бугарската Православна Црква да ни биде мајка – црква, кога голем број Македонци се декларираат Бугари за да добијат бугарски пасоши, кога поранешен премиер самиот се декларира за Бугарин, кој друг знак ни треба, за да ни биде јасно колку е опасна ситуацијата?

Радио Пела: Со оглед на тоа што сте родени, сте се школувале, работите сопствен бизнис во Западна Австралија, каде што е целото ваше семејство, дали ја чувствувате Република Македонија како своја татковина?

Досега сигурно ја сметавме и почитувавме како наша татковина, ама, во последно време сме револтирани и усрамени со решенијата и ставовите на оваа предавничка влада. Не ни се верува кога ги гледаме глупавите, незрели и недостоинствени ставови на Владата. Претходната Влада на ВМРО ДПМНЕ не беше баш толку добра, и направи многу грешки, но во споредба со овие сегашните беше одлична и патриотска.

Радио Пела: Австралија сеуште не ја признала Република Македонија под уставното име. Масовните протести, лобирањето до највисоките претставници од Федералниот парламент на Австралија досега не помогнаа. Зошто, каде е проблемот?

Проблемот не е во нас. Напорите и енергијата вложена за оваа цел е огромна. Проблемот е што грчката заедница во Австралија е многу поголема од македонската заедница, така што на двете големи партии – Лабористичката и Либералната, им е страв да не изгубат пратенички места доколку ја признаат Република Македонија под уставното име. Друг проблем е што Грците имаат многу членови од двете партии, како во Парламентот, така и на највисоко ниво во државната администрација, така што тие имаат големо влијание околу ова прашање.

Радио Пела:Црковното прашање во Австралија и иницијативите на МПЦ преку БПЦ да се добие автокефалност. Правилни ли се патиштата кои ги одбраа челниците на Македонската православна црква и што треба да им се укаже?

Ние сме револтирани и шокирани со понижувачкото и предавничко решение на Светиот Архиерејски Синод (САС) на МПЦ да ја замоли БПЦ да ни биде мајка – црква. Нашата Охридска Архиепископија е мајка на сите други цркви што користат славјански јазик. Досега не не признаваа другите православни цркви, но ние постоиме и функционираме како Македонска Православна Црква без никаков проблем. Најважно е МПЦ да си го соедини народот, да си го сака народот и народот да си ја поддржува нашата црква. Па што мислат нашите непријателски цркви во соседните држави не треба да не загрижува нас. Ако тие не ја признаваат нашата црква тоа значи дека МПЦ ефективно си ја врши работата како национална и духовна мајка на македонскиот народ. Треба на САС на МПЦ да им биде јасно дека ниту во овој век или во следниот век овие непријателски цркви нема да не признаат!

Радио Пела: Најчесто вам – Македонците надвор од Републиката ви забележуваат дека не го познавате доволно македонскиот јазик, не сте доволно информирани со настаните во Македонија, економски сте добро обезбедени што ве амнестира од секојдневните проблеми во Македонија, а со сето ова често ве квалификуваат како недостојни да делувате во актуелните случувања. Ви пречи ли тоа и кој е вашиот одговор на ваквите забелешки?

Несовесни и глупави коментари како овие се многу досадни и разочарувачки. Голем број луѓе во Македонија мислат дека ние Македонците во дијаспората немаме право да покажуваме интерес или грижа или мислење за она што се случува во нашата татковина? Дали економската и политичката ситуација во Македонија е толку добра што само треба среќно да ја прифатиме и да аплаудираме без да даваме какви било коментари или предлози? Македонија оди од лошо кон полошо до катастрофа и ние треба да молчиме?

Често цитираната навреда на македонската дијаспора што не можеме да зборуваме или читаме и пишуваме на македонски покажува повеќе за лошата ментална состојба на оние што мислат на тој начин отколку што покажува за нас. Во мојот случај, роден сум во Австралија, а моите родители се деца бегалци од Егејска Македонија. Моите родители, баби и дедовци се трудеа да ме научат на македонскиот јазик и да внесат голема гордост за моето македонско потекло. Немам формално образование на македонски јазик, освен вкупно една година или нешто повеќе што посетував часови да учам македонски јазик со нашиот парохиски свештеник. Меѓутоа, ја научив кирилицата и значително го подобрив мојот македонски со текот на времето. Но, многу други Македонци немаа таква можност и со текот на времето помладите генерации во дијаспората, за жал, нема да можат да зборуваат, да читаат или да пишуваат македонски. Ова, не ги прави овие луѓе помали Македонци отколку некој што живее во Република Македонија кој не се грижи за менување на името или идентитетот на Македонија, туку е загрижен само за добивање на пасош на ЕУ!

Радио Пела: Што треба државата Македонија да направи за доближување на дијаспората кон матицата – земја, а што пак, оние што се чувствуваат за Македонци надвор од Републиката треба да сторат за поефективно национално поврзување?

Штетата направена за односот меѓу дијаспората и Република Македонија е многу длабока и сериозна. Не можеме да поверуваме во она што го гледаме со Македонија кое безнадежно се отсликува пред нашите очи со многу малку поплаки од нашите луѓе кои живеат во Македонија, кои се чини дека се согласуваат или се апатични за несреќата која се разоткрива. За да ги подобриме односите меѓу нас, треба да видиме целосна промена во “смирувањето на сите наши соседни непријатели по секоја цена” во политиката на сегашната влада. Додека ова не се случи, немаме доверба или почит кон оваа Влада или за луѓето кои ги поддржуваат овие предавнички политики. Да се разговара за други начини за подобрување на многу потребните културни и економски врски и размена меѓу нас и Република Македонија е прерано, додека политичката криза во која е опфатена Македонија не се решава на соодветен и достоинствен начин кој е во национален интерес на Македонија, а не во интересот на нашите непријатели.

Би можело да ве интересира

Вечна им слава – 21 година од погибијата кај Карпалак

Бројката расте од ден на ден – 35 нови случаи на коронавирус

Елизабета Филипоска

„Ѕуница“ по повод Светскиот ден на детето ѕунеше од радост и песна

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе