Победа денеска високо поразена од Ренова со високи 9: 1, полувреме 5:1 во натпревар од редовното 32 коло на Првата лига. На градскиот стадион во Тетово расположените „гипсари“ уште во 9 тата минута со голот на младиот Мијовски ја најавија голејадата против демотивираните фудбалери на Победа .
Единствениот гол за Победа во 24 тата минута го постигна Александар Ристевски. Ренова со денешниот натпревар се закотви на средината од табелата со 32 бода, додека Победа со 23 бода веќе се подготвува за наредната второлигашка сезона.