7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

“Преродба„ во “Брза Кујна„ – Кој на кога му го „забибери“ јадењето?!

Активностите  на Здружението „Преродба“ – Прилеп секогаш изненадуваат. Со своите кулинарски вештини,  жените од прилепското женско здружение „Преродба“, одамна активно се потврдени, особено кога станува збор за негување и приготвување на традиционалните рецепти од македонската кујна, а при тоа, запазувајќи ги и традиционалните христијански празници, кои изискуваат и различна трпеза,посна или мрсна, во зависност од празникот.  За тоа тие се “махери“!

Па, нивната кулинарска вештина не остана не забележана! За што станува збор?!

Имено, секој работен ден иматe прилика да го гледатe кулинарското шоу „Брза кујна“.  Шеф Марк и шеф Никола, односно тимот на пиперките и тимот на доматите , заедно со свои помошници-учесници подготвуваат разни специјалитети и јадења. Тие пред ТВ екраните за краток период од разни намирници знаат да направат навистина некој вкусен специјалитет. Но, овој пат имаат и специјални гости, кои исто така се умешни во кулинарскиот занает.

И, токму во ова кулинарското шоу „Брза кујна“, се најдоа двете дами од „Преродба“ ,Лилјана Ацеска и Лилјана Ѓорѓиоска, а како навивачи и неколку членки од здружението. Двете Лилјани заедно готвеа со кулинарските мајстори, Марк и Никола.

Која Лиле готвеше со Марк, а која со Никола? Која беше во кујната на “пиперките“ , а која во кујната на “доматите“, може  да откриеме и од фотографиите, кои ексклузивно ги добивме од овие прекрасни дами.  Но, што зготвија,кој намирници ги однесоа и кој беше победникот,  ќе откриеме в четврток ( 23- ти мај) кога ќе имаме причина повеќе , како Прилепчани, да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“.

 

Тие оттаму ( од снимањето) си дојдоа задоволни, среќни и полни со импресии, за тоа штоја имаа таа можност да ги покажат своите кулинарски вештини како учесници-помошници, а од нив можеби и шефот  Марк и шефот Никола научиле нешто?! Кој знае?!

Би можело да ве интересира

„Прилеп за Сара„,среда голем хуманитарен концерт

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО)МАНИФЕСТ НА ЛОКАЛНИТЕ НОВИНАРИ И МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА

Пела Редакција

За Крстот на Марковите Кули и Крстовден

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе