30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во долненско, автомобил излетал в канал – возачот тешко повреден!

Кај долненското село Браилово , на локалниот пат, меѓу селата Браилово – Долнени, возач е тешко повреден, кога со возилото излетал во одводенот канал. Според полицијата, несреќата се случила вчера, на локалниот пат меѓу селата Браилово – Долнени, општина Долнени, кај железничката станица „Браилово“.

Возилото „форд галакси“, без регистарски ознаки, управувано од Д. В. (45) од село Сенокос, Прилепско, изгубило контрола и излетало во одводниот канал. Д. В. добил тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата “Борка талески “ – Прилеп, каде што му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Гореше повторно куќа во Прилеп, а син пријавел дека е нападнат од неговиот татко во неговиот дом

Пела Редакција

Крадел предмети од автомобил, па го фатиле

Млад возач тешко повреден – излетал од коловозот на регионалниот пат Битола – Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе