29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Со голема радост се чека Велигден – се вапсуваат велигденските јајца, се чува традицијата и обичаите

Пред изгресонце изутрината се вапсаа велигденските јајца. Според традициите првото е Господово, другото за домаќинот, третото за среќа и бериќет во семејството. Оставени беа пред прозорецот, да ги огреат првите сончеви зраци. После нив се вапсуваат и останатите јајца.

Вапсаните велигденски јајца за прилечанките од здружението „Преродба” останува како симбол на чувањето на традиционалните вредности и почитување на трдицијата.

 

Инаку според православната црква на Велики Четврток, за време на Тајната вечера Христос ја воспоставува Светата евхаристија, односно причествувањето, исто така на Велики Четврток тој е предаден од страна на Јуда. „Други ден  Велики Петок кога верниците ги посетуваат црквите за да се поклонат на Плаштеницата на која е насликано положеното тело на Христос„- вели Лилјана Горѓиоска, претседател на здружението на жени “Преродба“ кои веќе 15 години ја почитуваа, чуваат и ја пренесуваат традицијата и обичаите .По велики петок доаѓа најголемиот христијански працинк Велигден или Хростовото Воскресние,еден од најрадосните празници. На Велигден се поздравуваме со поздравот “Христос воскресе!”, а возвраќаме со поздравот “Навистина воскресна”.-вели таа

 

Би можело да ве интересира

Горивата поскапуваат

Револуционерен оперативен зафат во прилепската болница. Се изведе сложена операција на лакт, вторпат во државава

Пела Редакција

(ВИДЕО)Реколта 2025 та рекордна, за 2026 во очекување се повисоки цени за новите договори

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе