11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Отруени кучиња после Скопје, почнува да се појавува и во други градови.Отруени кучиња и мачиња се забележани  во Охрид, Струга, Прилеп.. Една ужасна слика од паркот кај основниот суд и блиската градинка во населбата Бончејца беше прикажана на социјалните мрежи која говори за отруени и мртви кучиња со пена на устата. Прилепчани реагираа на оваа слика и бараа од наделжните итно преземање на мерки за заштита .

Градоначалникот Илија Јованоски денеска оствари средба со надлежните служби од ЈКП, „Комуналец“ и претставници на полицијата.

На состанокот беа договорени мерките што ќе бидат спроведени во наредниот период за да се спречи ваквата појава, а Јованоски упати и апел до граѓаните да не употребуваат отров за уништување на уличните кучиња.

„ Ги повикувам сите институции да се превземат сите можни активности затоа што децата и граѓаните во Прилеп треба да бидат безбедни и да нема повеќе вакви случаи“, истакна Јованоски.

Од ЈКП „Комуналец“ велат се преземаат сите мерки за брза и соодветна интеревенција.

„Ова е доста позитивен состанок, да го подигнеме степенот на соработка меѓу надлежните институции на едно повисоко ниво. Упатувам апел до сите сопственици на кучиња, своите миленици да не ги пуштаат слободно да шетаат низ градот“, изјави Златко Ристески, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Претставниците од полициската станица од Прилеп ги повикаа граѓаните доколку забележат некое лице кое поставува отров за кучиња веднаш да го пријават на телефонските број 192.

Од ЈКП „Комуналец“ најавија дека утре професори од Ветеринарниот факултет од Скопје треба да им одржат предавање на вработените во шинтреската служба околу начинот на хумано заловување на кучињата.

 

Би можело да ве интересира

Сугарески: Аеродромите остануваат затворени, граѓаните да не резервираат билети!

Гордана Цветаноска

Нови 4 позитивни на Ковид 19 во Прилеп, се зголемува бројот на излекувани

Гордана Цветаноска

ЦУК: Во овој потопол период од годината внималетелност од појава на змии

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе