7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јапонската амбасадорка се запозна со туристичките можности на Крушево

Амбасадорката на Јапонија во Македонија Кеико Ханеда беше во посета на Крушево и оствари средба со градоначалникот на Oпштина Крушево Томе Христоски,. Тоа беше прилика за промоција на историјата и традицијата на градот и за прошетка низ уникатните крушевски улици кои многу говорат за традицијата, историјата и културата на градот. Галеријата „Никола Мартиноски“ и споменикот „Илинден“ беа исто така цел на посетата на амбасадорката, воедно природата и културно историските обележја на градот како предизвик за развој на туризмот беа цел на разговорите меѓу амбасадорката Ханеда и градоначалникот Христоски.

dav

Јапонската амбасадорка пројави голем интерес за адреналиските спортови како што е актуелното првенството во параглајдинг кое во моментов се одржува во Крушево преку Проектот за локална и регионална конкурентност.
На средбата меѓу амбасадорката Ханеда и градоначалникот Христоски се разговараше за соработка при реализација на инфраструктурни проекти и искористување на можностите кои амбасадата на Јапонија ги нуди за поттикнување на развојот.

Би можело да ве интересира

Излезноста над 50%, се бројат гласовите

Гордана Цветаноска

Наставничка инфицирана со коронавирус – 20 ученици од второ одделение ставени во изолација

Елизабета Филипоска

Прилепско над 40 литри дожд за 2 часа

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе