15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Се чисти одводниот канал „Блато“ и каналската мрежа во Боротино

Општина Кривогаштани започна со чистење на одводниот канал „Блато“ и каналската мрежа во Боротино, со помош на Подружница „Прилепско Поле“ – Прилеп.
Градоначалникот Игор Каравилоски, заедно со директорот на Подружницата „Прилепско Поле“,  Зоран Тодороски и државниот инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, Јован Аврамоски, денеска извршија теренски увид на работите на самото место.
Целта на ваквата активност во овој периодод годината е за создавање на подобар проток на водата,како и превенција од поплави и зголемена безбедност на земјоделските површини и локалната инфраструктура, со цел калата и тревнатиот простор да не предизвика блокирање протокот на воца и нефункционалнот на каналите.

„Работните активности ќе продолжат и во наредните денови, сè до целосно расчистување на каналската мрежа во Боротино. Општина Кривогаштани изразува благодарност за посветената соработка и навремената поддршка од сите вклучени институции.“, стои во овјавата на ФБ на социјалната мрежа од Општина Кривогаштани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристеска: Климатските промени се реалност со кои традиционалното земјоделство не може да се справи

Пела Редакција

По претресите во Прилеп, прибраната документација за Болницата се анализира

Прилеп доби прифатилиште за кучиња, дали проблемот со кучињата скитници ќе биде решен?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе