11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Донесен буџетот за 2018 на општина Новаци

Совет на Општина Новаци

На седницата на Советот на општина Новаци  на деневен ред се најдоа триесеттина точки. Советниците го усвоија Буџетот на општина Новаци за 2018 година и донесоа предлог одлука за утврдување на бодото за платите на државните службеници за 2018 година.

Се именува и Комисијата за избор на членови на Комисија за попис и комисија за заштита на правата на пациентите на територијата на општина Новаци.

Советниците донесоа одлука за давање согласност за доставени извештати на искористени средства за 2016 година на здруженија на граѓани, спортски, технички и научни друштва, наменски дотации за културно уметнички манифестации и сл.

Беше донесена и програма за потребите на граѓаните од областа на социјалната заштита во општина Новаци за 2018 година, предлог програма зa спроведување на активности на спортски друштва и одржување на спортската инфраструктура  во општина Новаци за 2018 година  како и програма за култура,културни и други манифестации на Општина Новаци за 2018 година.

Совет на општина Новаци

Се одобрува средства за пречек на гостите од збратимената општина Дуги Рат од Хрватска, за спроведување на превентивна дезинсекција и дератизација за 2018 година и се дондесе одлука за изработка на Локален акционен план за еднакви можности на мажите и жените во општина Новаци.

Советниците разгледаа и одобрија барања за одобрување на парични средства за лекување, за учество на домашни и меѓународни натпревари  на боксерскиот клуб Арена од Битола и барањето на Здружение за културен и земјоделски развој ,,Егри,,-с. Средно Егри-Битола за одобрување на финансиски средства за автобуски превоз до Република Бугарија.

На седницата беше разгледано и барањето од храмот Свети Атанасиј Велики од Новаци за одобрување на финансиски средства за режиски трошоци, греење во зимскиот период , организирање на црковни народни обичаи и слично.

Советниците донесоа и предлог  одлука за реализација на финансиски трансвери до здруженија на граѓани, спортски,технички, и научни друштва, наменски дотации за културно-уметнички манифестации и еднократна парична помош на физички лица и лица си посебни потреби за 2018 година, предлог програма за Локален економски развој на општина Новаци за 2018 година, предлог програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Новаци за 2018 година, годишна програма за професионален и кариерен развој на наставниците,стручните соработници и директорот 2017/2018 година, предлог одлука за одобрување средства на   организаторите на изборна кампања за изборни трошоци направени за време на локалните избори за 2017 година.

 

Би можело да ве интересира

ФК Победа под капата на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Новите цени на бензините од ноќеска на полноќ ќе ги одредуваат трговците

Цепенков оживеа во модерна верзија -три дена културна манифестација „ Со Марко на улица„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе