15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

„ Вреќата на дедо Мраз“- Новогодишната претстава во општина Новаци

Новогодишна претстава „Вреќата на дедо Мраз„ беше организирана во салата на општина Новаци за дечињата од ЦОУ „ Славко Лумбарковски“.  Салата беше претесна за да ги собере сите љубопитни дечиња зафатени од предновогодишната еуфорија.

„ Секоја година организираме новогодишна претстава за дечињата од нашата општина. Исто така општината за сите дечиња кои одат на училиште, или пак го посетуваат центарот за ран детски развој Бамби , како и за социјалните случаи купува новогодишни пакетчиња кои ќе им бидат поделени на следната недела пред новогдишните празници.  “ рече Љубе Кузманоски,градоначалник на општина Новаци.

Ваквите културни случувања придонесуваат многу за едукативниот и културниот развој на децата од руралните средини.

Влезот за претставата беше бесплатен, а присуствуваа сите дечиња од општина Новаци.

Би можело да ве интересира

Од вечерва во Прилеп 8 мо издание на меѓународниот филмски фестивал „Winter Apricots“

(Видео) На фестивалот ДАФ-Кочани најдобра претстава е „Чернодрински се враќа дома“ од МТЦ „Зона“

Стојаноска: Во Прилеп ќе живееме смело и насмеано!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе