12 C
Прилеп
четврток, 3 април, 2025
Пела Радио

Изгореа два автобуси кај новата автобуска станица во Прилеп

Утрово, околу 02,30 гореа два автобуси паркирани кај новата автобуска станица во Прилеп, при што е направена голема материјална штета. За среќа нема повредени и човечки жртви.

ТППЕ- Прилеп интервенирала три часа во гаснење на пожарот,  а поради опасноста пожарот да се прошири (бидејќи во близина се наоѓа и бензинската пумпа) било интервенирано со четири протипожарни возила.

Засега не се знае што е причината за опожарувањето на автобусите, но неофицијално, станува збор за автобуси кои не се со прилепски регистарски таблички, односно станува збор за кавадаречки автобуси ,кои возеле за компанијата Дрекслер Маер и тука биле паркирани.

 

Би можело да ве интересира

Одземени 19м3 од нелегална сеча кај с.Гостиражни и 6,5м3 кај Вештачкото езеро

Елизабета Филипоска

Тешка сообраќајка кај Ропотово

37 годишен маж се самозадоволувал пред малолетници во паркот на Могила

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе