7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Фото-кампања „СОС Сакаме #СтрујаодСонце“

„Приклучи се и ти на СОС кампањата “Сакаме #СтрујаОдСонце” е насловот на капмањата на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“, по повод Европската недела за одржлива енергија “EU Sustainable Energy Week” (од 17-ти до 21-ви јуни). Кампањата има за цел да ги информра граѓаните за важноста при искористувањето на сончевата енргија како ресурс.„Кампањата е насочена и кон институциите за да ги охрабрат домаќинствата да користат сончева енергија за струја со конкретни мерки и неограничување на производството на електрична енергија“  – истакна Антонио Јовановски, извршениот директор на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ – Скопје,  во младинската емисија „Од млади, за млади“ на Радио Пела – Кривогаштани.

 

Р.П „Од малади за млади“: Зошто ваква кампања за сончева енергија?

 

„Примарниот фокус на кампањата е сончевата енергија, односно  да се укаже на итноста за премин од јаглен кон обновливи извори на енергија (со фокус на сонцето како извор на енергија), со оглед на тоа што статистичките податоци покажуваат дека во голем процент се користи јагленот, кој е емитер на на загадувачки супстанции, за производство на електрична енергија. За жал, само 1% се искористува сончевата енергија и нејзиниот потенцијал за вакви цели. “ – истакна Јованоски.

 

Р.П „Од малади за млади“: Како младите да земат учество во оваа капања?

 

„Учество во оваа кампања може да земат сите млади со едноставно испишување на текст Сакаме #СтрујаОдСонце на хартија и со испраќање на фотографија од истиот до здружението“ и преку социјалните медиуми да достигнат фотографиите за кампањата да стигне до повеќе млади и со тоа ќе придонесеме за почист воздух и ублажување на климатските промени. Учество земаат и училиштата кои се иницијативни и полноправни Биди Зелен клубови, кои се формирани во училиштата низ Македонија. На тој начин младите би ја поддржале оваа кампања која започна оваа недела и ќе трае до утре – 21-ви јуни “ – изјави Антонио Јовановски и ги повика младите активно да земат учество во кампањата за поддршка на обновливата енегија.

Разговорот го водеше Христијан Пусоски, од младинската емисијата „Од Млади за Млади“ на Радио Пела

Би можело да ве интересира

Еко – плакета која обврзува (АУДИО)

Гордана Цветаноска

Небојша Стојковиќ – иден претседател на ФК Победа

Елизабета Филипоска

ResPublica видео подкаст: Зошто токму сега ЕУ ги решава споровите на Балканот?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе