25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Златна медалја и гран при за СОУ „Наум Наумовски-Борче“ Крушево од Србија (ГАЛЕРИЈА)

Кулинарските вештини кои се изучуваат и практикуваат во СОУ „Наум Наумовски-Борче“ Крушево повторно деновиве потврдени на меѓународно ниво. На шестиот по ред Меѓународен гастро – туристички фестивал во Ниш, Република Србија крушевските ученици и менторот се вратија со највисоки награди.Меѓународниот гастро – туристички фестивал се одржа од 13 ти 16 јуни, во силна конкуренција од претставници од над 20 држави .

Оваа година учествуваа учениците Давид Трајкоски и Бојан Седлоски, под менторство на Проф. Оливера Карева Скола. Нивните готвачки способности дојдоа во преден план во категоријата „Национална кујна на модерен начин“ каде го освоија првото место во поединечна конкуренција, а пак менторот Проф.Оливера Карева Скола и СОУ „Наум Наумовски-Борче“ – Крушево се стекнаа со GRAND PRIX највисоката награда.

 

Ова е уште една меѓународна потврда за квалитетното образование и практичната работа кое училиштето „Наум Наумовски-Борче“ Крушево го овозможува веќе со децении, а кадрите кои излегуваат од таму се признати и ценети во земјава и надвор.

Би можело да ве интересира

Започна собирaњето предлози за доделување 3-то Ноемвриски награди и признанија

Пела Редакција

Железничарите бојкотираат, возовите не сообраќаат!

Снегот во април ги забели планините, а утре се очекува нова снежна покривка

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе