7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Собирајте ги сметките ,почнува повратокот на ДДВ. Како да остварите поврат??!

Почнува повратот на ДДВ. Граѓаните од денеска ќе треба да ги собираат фискалните сметки од производите кои ги купиле и услугите кои ги добиле. Пр. за секоја сметка од пазарење, максимум со поединечна вредност до 30.000 денари, ќе се враќаат 15% од платениот ДДВ. Или, за сметка во вредност од 1000 денари за која се плаќа 180 денари ДДВ, државата ќе врати 15% или 27 денари. Или едно лице месечно може да врати максимум 600 денари за кои ќе треба да потроши над 22 илјади денари. Или едно семејство, максимум 28.800 денари на годишно ниво.

Инак,секоја сметка треба да се скенира на посебна апликација „МојДДВ“ која ќе треба да се инсталира на паметен мобилен телефон за да од сите после корисникот добие поврат на 15% од платениот ДДВ.

Апликацијата може да ја симните од овој линк: https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.akcent.vatreturn

Ако евентуално некој нема таков телефон или не знае да инсталира и да користи вакви апликации, фискалните ќе може да ги носи во сите подрачните единица на Управата за јавни приходи. Таму ќе има мобилни телефони, на кои секој ќе треба да се регистрира со своето корисничко име и со лозинка и да му се скенира сметката. На еден телефон ќе може да се читаат сметки и од повеќе профили.

Сите единици на УЈП ќе бидат опремени со смарт телефони, баркод читачи и киоск, преку кои граѓаните со поддршка на волонтери и службеници од УЈП ќе имаат можност да ги скенираат своите фискални сметки, не постари од 10 дена од денот на издавањето, велат од УЈП.    Апликацијата ќе дозволува скенирање само на валидни фискални сметки, додека незаконските – компјутерски сметки нема да ги препознава

За да остварат поврат на ДДВ граѓаните треба да се регистрирани или да се регистрираат на електронскиот систем на УЈП. Друг услов е да имаат најмалку 15 години, важечка лична карта или пасош, да имаат своја активна трансакциска сметка. Бројот на сметката ќе треба да го пријават на еден од чекорите по симнувањето на апликацијата.

Извршителот може да Ви ги земи, ако имате стар долг ….

За парите кои ќе се добијат како поврат на ДДВ граѓаните нема да плаќаат персонален данок, но тие пари, ќе може да се наплатуваат од извршители за стари долгови.

Кога граѓанинот ќе го добие повраткот на ДДВ?!

Првата исплата ќе биде во декември 2019 година директно на сметките на граѓаните, а потоа на секои три месеци, односно во февруари, мај, август и ноември. Од оваа услуга на граѓаните ќе им бидат вратени најмногу 50 милиони евра годишно, а лимитот за едно лице ќе изнесува 1.800 денари квартално или најмногу 28.800 денари годишно за едно четиричлено семејство.

Поврат не се врши за комунални сметки, а државата смета дека со тоа што ќе ги бараат сметките граѓаните ќе станат своевидни инспектори.

Преку проектот „Мој данок, моја заштеда“ на граѓаните на граѓаните ќе им се вратат над 50 милиони евра од поврат на ДДВ.

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Грант средства преку АВРМ за нови бизниси добија 35 баратели

Земјоделците бараат контрола на брашното при увозот

Гордана Цветаноска

Субвенции за ПВЦ дограма – Еуро Глас гарантираат врвен квалитет

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе