4.7 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

Хуманитарната трка за доопремување на Центарот за лица со церебрална парализа, собра над 2000 ученици

Околу 2.000 учесници се вклучија во вчерашната рекреатива трка „We run we care“, која по втор пат се одржа во Прилеп. Трката е од хуманитарен карактер а собраните средства од котизацијата на учесниците, 100 денари по лице, ќе бидат употребени за тековно одржување и доопремување на  Центарот за лица со церебрална парализа. Рекреативно донаторската трка беше во организација набизнис секторот и  Општина Прилеп.

„Средствата  од котизацијата на учесниците ќе бидат употребени за купување на надгледни средства кои ќе им помогнат на  лицата со церебрална парализа  во нивните активности“, изјави градоначалникот,  Илија Јованоски.

Стопанствениците истакнаа дека се горди на масовноста на акцијата и веруваат дека истата во иднина ќе прерасне во традиција.

„Не само што правиме добро дело,не само што не има. Туку клучно и најбитно е тоа што ја градиме свеста на колективната припадност“, потенцираше Ирена Јакимоска од „Комфи Ангел“.

Васил Костоски од „Гентерм Македонија“ истакна дека оваа трка била поттик за поголем дел од прилепските стопанственици да се приклучат и да покажат општествена одговорност.

 „Многу сум среќен што гледам тука илјадници луѓе, а особено  вработените во нашата компанија кои ги поддржуваат овие лица“, кажа Василис Анагносту, од „Мермерен Комбинат“.

Хуманитарно – рекреативната трка во  должина од 5 километри ја поддржаа приватните стопански компании „ГЕНТЕРМ Македонија“, „Комфи Ангел“, „Мермерен Комбинат“, „Прилепска Пиварница“, „Конфекција Кули“, „WIK“,  „Ветеринарна Клиника – Прилеп“ и „Стопанската комора на Македонија – Регионална канцеларија Прилеп“ со цел подигнување на колективната свест за општетсвена одговорност.

Би можело да ве интересира

Започнува Меѓународната ликовна колонија Дрен 2023

Тамара го откажа настапот на Пивофест

Гордана Цветаноска

Парите за дочек на Новата година Општина Прилеп ќе ги пренамени за отворање Центар за деца со церебрална парализа.

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе