3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Над 300 пријави за социјална пензија во Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп

Во тек е доставувањето на барања за т.н социјална пензија во Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп. Повозрасните граѓани може да го остварат правото за надомест за социјална сигурност од околу 6.000 денари. Социјалната пензија за прв пат се воведува во земјава, а во Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп интересот е навистина голем.

– Ние веќе работиме по новиот закон кој е во сила од 28 мај, според кој што меѓу другите права има и право на социјална сигурност за стари лица, или популарно социјална пензија. Имаме сериозна заинтересираност и повеќе од 300 предмети чекаат на решавање. Ние сме подготвени, во најбрз можен рок да излеземе во пресрет на граѓаните кои што треба лично да ги достават пријавите. Голем дел од пријавите ние службено ќе ги преземаме од разни институции за потребите на странките, доколку дадат согласност, или пак тие сами доколку сакаат побрзо да им се излезе во пресрет.
Во апликацијата мора да бидат понудени други 4 документи кои ние не можеме да ги обезбедиме по службена должност, а тоа се:
– семејството или поединецот треба да достави потврда, од Катастар дека нема над 7 декари земјоделско земјиште од прва класа?
– од подрачната служба на Министерството за земјоделство дека немаат земено под закуп државно земјоделско земјиште под закуп;
– од банка доказ дека не поседуваат заштеда над 70 илјади денари средства на свое име и
– апликантите да достават доказ дека не примаат воена инвалиднина, вели Живко Силјаноски директор на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп.

При пресметката се гледаат приходите од последните 3 месеци и правото се губи доколку во меѓувреме семејството или поединецот се стекнал со некакви приходи. Ова право на надомест за социјална сигурност ќе трае во наредниве години. Висината на надоместокот е 6 илјади денари, но со можност во зимските месеци од октомври до март ќе има зголемување од по 1000 денари за покривање на трошокот за греење во домаќинството.

Би можело да ве интересира

Велосипедска трка Сава Мариово тур

Пела Редакција

Канализција дури во 21 век е настан за одбележување

Елизабета Филипоска

Кај Оревоец: Багерите мируваат – Блокадите продолжуваат

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе