7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(фото)Новогодишен концерт на прилепското основно музичко училиште

Вечерва по 22-ри пат основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп го одржа својот традиционален новогодишен концерт, во театарот „Војдан Чернодрински“, на кој учениците се претставија со повеќе дела.
Ова потврдува дека  заинтересираноста на младите за посета на музичкото училиште е голема. Моментално училиштето го посетуваат 363 ученици.
„За поголема промоција на училиштето во иднина, планираме што е можно повеќе семинари, да се организираат ревијални вечери, разни  концерти и да се има поголема соработка со другите градови. Она што ни недостасува во овој момент е помала сала за интерни часови и помали концерти. Години наназад го доставуваме тоа како барање, но не се реализираше. Училиштето сега е целосно реконструирано, но на

Прилеп му недостасува една концертна сала и таа треба да се изгради во најскоро време“, порача директорката ,на ООУМ „Ордан Михајлоски – Оцка“,Тутеска Димеска
Учениците вечерва (недела 24-ти декември) музицираа на клавир, виолина, флејта, труба, кларинет, хармоника, народни инструменти и соло пеење.

 

Би можело да ве интересира

“Медена земја“ повторно во Прилеп

Елизабета Филипоска

„Демократија“ нова претстава на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

Нема монодрами и дуодрами, ниту претстави од независни продукции или ад хок груп на овогодишниот МТФ „Војдан Чернодрински„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе