На 1 и на 2 август СВР Битола ќе воведе посебен режим на сообраќајот по повод националниот празник „Илинден”. На 1 август, во периодот од 16 до 24 часот, во Крушево ќе биде воведен посебен режим на сообраќај со пренасочување, ограничување и забрана за сообраќај. Таков режим ќе има и на 2 август во периодот од 5 до 17 часот.
-Ќе се воведи забрана и ограничување за движење на трактори, земјоделски машини, запрежни коли и тешки товарни возила на регионалниот пат Прилеп – Крушево – Демир Хисар, и тоа: на 1 август во периодот од 16 до 24 часот, а на 2 август во периодот од 5 до 17 часот, соопштуваат од СВР Битола за сообраќајниот режим на 1 и на 2 август за време на празнувањето на Илинден.
Целта е обезбедување безбедно и нормално одвивање на моторниот и пешачкиот сообраќај на регионалниот пат Прилеп – Крушево – Демир Хисар, на подрачјето на градот Крушево и на потегот од месноста „Порта” кон Мечкин Камен.
-Поради обезбедување на безбеден и проточен сообраќај на потегот од месноста „Порта” до Мечкин Камен, моторните возила со кои се врши групен и организиран превоз на патници на 2 август, е потребно да пристигнат до 10:30 часот на паркингот предвиден за нивно паркирање на месноста „Црн врв”. Слегувањето на патниците од автобусите да биде на местото каде ќе биде паркирано превозното средство, стои во соопштението на СВР Битола.
СВР Битола соопштува и како ќе биде натамошниот сообраќаен режим, особено за земјоделската механизација и за запрежни и товарни возила.