7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепските актери добитници на уште една вредна награда

Прилепскиот театарски ансамбл уште еднаш го потврди своето реноме, овој пат на домашната, македонска театарска сцена. Народниот театар „Војдан Чернодрински“ се врати со престижна награда од 27 то издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој се одржа во Струмица.
Претставата „Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски ја доби наградата на НЕТА (Нова европска театарска акција)за севкупно уметничко остварување.
Во претставата настапуваат актерите Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски .
Инаку, Хрватскиот актер Драшко Зидар ја доби наградата за високо актерско остварување, а во рамките на Фестивалот се одржа и деветото издание на камерна драма НЕТА, која додели награди на повеќе актери и претстави. Фестивалот финансиски е помогнат од министерството за култура и општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Манчески повторно снима филм во Мариово

Гордана Цветаноска

Филмот „Убиј ги прво децата“ ќе се прикажува во Мис Стон

Пела Редакција

Отворена изложбата “Креации од ноќта-уметност инспирирана од соништата”

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе