30.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

(Фото) Колони возила, шумски пожар на патниот правец Прилеп- Росоман

Километарски колони возила на магистралниот пат Прилеп – Градско во двата правци, сообраќајот е во прикин и наши читатели јавуваат дека практично не може да се помрдне со возилото неколку часови. Причина за ова е шумски пожар во близина на автопатот.


– Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е во прекин во двата правци, поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, атар на село Тројаци кон село Топлица, се наведува во соопштението од АМСМ.

Колините од возила започнаа да се формираат од 15:40 часот од кога е во прекин сообраќајот во двата правци, поради шумскиот пожар над каменоломот Превој – Плетвар.

Од Територијалната противпожарна единица Прилеп информираат дека состојбата е многу критична, поради ветрот.

Пожарот бил пријавен од 13:30 часот, а на терен гаснат 4 екипи од Кавадарци и од Прилеп. Пожарот е практично до самиот асфалт, што е застрашувачко за возачите и секако е ризично да се вози, што може да се види од фотографиите.

Би можело да ве интересира

Пожар во зградите во Точила, ТППЕ навреме реагираше

(ВИДЕО)Нов концесионер за сала Македонија, се преговара за Универзална и за ФК Победа…

Утре (13ти среда) неколку улици остануваат без струја

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе