7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Вечерва, премиера на „Глембаеви“

НТ „Војдан Чернодрински” вечерва од 20 часот ќе ја изведе третата премиера оваа година – „Глембаеви” од Мирослав Крлежа во режија на Бранко Брезовец.
Еден од најпознатите текстови на Крлежа, кој што говори за пропаста на хрватско капиталистичко семејство и за „расипаноста” и пропаста на еден цел сталеж, што е во корелација и со актуелните состојби. Претставата во Прилеп доаѓа три месеци по премиерата во Загреб.

 

„ Секогаш се поставува прашањето кои актери ќе ги играат улогите. Пред 12 години во Риека, претставата ја поставивме со Северина во улогата на бароницата Кастели, повеќе како мјузикл, на граница со класична претстава. Но, секогаш се потребни актери со посебна актерска концентрација. Музиката е приспособена на македонскиот мелос. Дејството е подигнато на ниво на една античка трагедија. Екипата од Прилепски театар е посебна и на високо ниво. За месец и половина направивме она што не верувам дека во Хрватска ќе го постигневме“, изјави режисерот, кој последен пат во Прилеп работеше пред девет години.
Екипата, вели Брезовец, е одлична и сиот ангажман служи на чест и се е на европско ниво.

Втората премиера на 7 октомври во Прилеп со хрватски актери кои ќе играат заедно со прилепските е продолжување и копродукција . Во тој проект се спојуваат загрепската премиера која беше во јуни и оваа, прилепската на „Глембаеви”. Двата ансамбла вклучуваат над 15 актери кои ќе направат нова верзија под наслов „Глембаеви – уште една легенда” во што ќе бидат вклучени раните драми на Крлежа. Ќе се измешаат ликовите од минатото и сегашните Глембаеви и ќе се измешаат стварноста и фантастиката.
Во актерската екипа се и: Ангела Наумоска, Димитар Црцороски, Исидор Јованоски, Игор Трпчески и Ана Митоска-Стојаноска. Претставата вечерва ќе има претпремиера и ќе се игра на мала сцена. Музиката е на композиторот Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, костимите ги изработи Сузана Брезовец.
На 7 октомври е закажана премиерата на втората претстава „Глембаеви – една нова легенда” со хрватски актери. До крајот на годинава НТ „Војдан Чернодрински“ ќе има и една комедија во режија на Коле Ангеловски и една детска претстава.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Прилеп има потенцијал да биде предводник на ликовната сцена

Пела Редакција

Целовечерен концерт на староградски песни со октетот „Прилеп“

Прилепекиот театар бара одделување од ЦК „Марко Цепенко„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе