3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кому му пречи,кој тоа го ништи опшественото добро?!

 

Вака, денеска беше затекнат еден од двата  летниковци кои, неодамна во рамки на проектот „Маркови Кули –заштита и делување“, беа поставени на две локации на локалитетот Маркови кули. Во ноќните часови, некој едноставно кршел и уништувал, а никој не знае кој !Вандалистичкиот чин ,осуден, но дали ваквите јавни опомени ќе вродат плод, да се зголеми свеста кај граѓанството за да се чува општото добро, корисно за сите.

Случајот е пријавен до надлежните служби, а Општина Прилеп и ЈНУ „Институт за старословенска култура – Прилеп“ апелираат до граѓани да не го  уништуваат она што се создава и треба да им служи на сите добронамерни посетители.

„Исто така, апелираме и до сите граѓани и посетители кои имаат сознанија и информации за сторителите,  да ги пријават во Полициската станица од општа надлежност – Прилеп.„ велат локалните власти

Како реализатори на „Маркови Кули –заштита и делување“  покрај изградбата на двата видиковци, беа изработени и поставени патокази, информативни табли, информативна точка, брошури и веб страна,  со цел и понатаму,  споменикот на природата и културата „Маркови Кули “  да преставува место каде што граѓаните ќе се прошетаат,ќе одморат,каде би  се развивал рекреативниот и активен туризам,  место за дружба, одржување спортски настани и активности: пешачење, болдеринг, параглајдерство, ултрамаратон, итн. Но,кому му пречи,кој тоа го ништи опшественото добро?!

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Звукот на моторите ја “раздрмаa“ мото крос арената во Лагово

Елизабета Филипоска

Намален борјот на лица во самоизолација,но 6 нови случаи на КОВИД 19

Елизабета Филипоска

Витаминка започна со детски караван за општествени вредности и едукација

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе