Министерот за култура, Хусни Исмаили во работна посета на Прилеп, НУ Завод и Музеј – Прилеп и манастирскиот комплекс Трескавец, каде што се запозна со текот на работите на проектот „Обнова на опожарените конаци Трескавец“. Проектот за изградба на конаците е вреден 2,2 милиона евра и е целосно финансиран од Министерството за култура. Со него всушност, се враќа автентичениот изглед на конаците од 19. век.
![]()
Црквата Успение на Пресвета Богородицa, во рамките на манастирот, датира од 14. век и со својот богат живопис е значаен споменик на културата, заштитен со закон.
Манастирот Трескавец, чии што конаци досега три пати изгореле во пожар, е на листата незаштитени споменици на културата од УНЕСКО.
Доколку во иднина се обезбедат средства во манастирот да се изгради и водовод, а имајќи предвид дека до манастирот води и асфалтиран пат во должина од седум километри, овој споменик на културата ќе биде лесно достапен и ќе ги исполнува сите услови за да биде дел од туристичката мапа на Македонија
Манастирот во кои целосно беа изгорени конаците, беше опожарен 4 –ти фебруари 2013 година.

