Традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“,годинава ќе се одржи од 10 до 25 декември. Општина Прилеп, компанијата Комфи Ангел и Локален спортски сојуз-Прилеп се организатори на турнирот, кој што има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за лекување на Дејан Најдоски од Прилеп.
Жребањето за турнирот наместо првично најавениот датум 7 ми декември ќе се одржи, утре, петок, 6 ти декември со почеток во 20 часот во големата сала на Општина Прилеп.
Според организаторите екипите можат да се пријават истиот ден на 6 ти, а уплата може да се изврши до 14 часот.
Оваа спортска манифестација предизвикува огромен интерес кај прилепчани, но и пошироко, зашто учествуваат екипи од многу градови од земјава.
Се очекува и годинава да земат учество над 50 екипи во трите конкуренции конкуренција.
Ќе се игра во три категории сениори, ветерани и пионери, а предвидените награди се 160 илјади за прво, 90 илјади за второ, 60 за трето место во сениорска конкуренција и 20 илјади за прво место кај ветераните.
Котизација за екипи:
За сениори: 5.000 денари;
За пионери: 1.500 денари (Категории: 2005-2006, 2007-2008, 2009 и 2010 и помали);
За ветерани: 3.000 денари.
претходна вест