12 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Голема порака од малите спортски игри со рециклирани тутунски материјали!

Во големата спортска сала на ООУ„Манчу Матак“- Кривогаштани за прв пат денеска се одиграа мали спортски игри со реквизити изработени од рециклирани тутунски материјали. Учениците со своите наставници по физичко образование заедно другаруваа и ја пренесоа пораката за – невклучување на децата во работата при одгледувањето тутун.
Малите спортски игри се одржаа во духот на детството, радоста, но и дружењето со учество на 4 екипи од 40 ученици, основци од четири основни училишта: ООУ„Манчу Матак“-Кривогаштани, ООУ „Јонче Смугрески“-с.Обршани, ООУ„Никола Карев“-Крушево и ООУ„Страшо Пинџур“-с. Мало Коњари. Учениците своите сили „ги измерија“ во четири различни спортски игри.
Локалната самоуправа ги организира овие игри со цел, да го поттикне психо – физичкиот развој кај учениците, притоа развивајќи го спортскиот дух и мотивот за соработка и другарување. За сите учесници ќе бидат обезбедени мали симболични награди за поттикнување на нивната поголема посветеност и ангажираност во спортот.
Манифестацијата се одржа во организација на општините Кривогаштани и Крушево и ООУ„Страшо Пинџур“с. Мало Коњари , а со поддршка на МЦМС во рамките на конкурсот „Мирисот на тутунот кој ги обојува детските игри“.

Би можело да ве интересира

Бронзени медали за гимназијалецот Петар Мирчески на „Олимпијадата по хемија“

Пела Редакција

Вредни и успешни-прво место за хорот при ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп на државниот натпревар

Гимназијата “Мирче Ацев“ќе им ги врати парите на учениците што им ги наплатиле за сведителства

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе