16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепчанката Даноска солидна на Зимските Младински Олимписки Игри ЛОЗАНА 2020

Во Лозана, Швајцарија се одржуваат третите Зимски младински Олимписки игри кои започнаа од 9 ти, а ќе завршат на 22. јануари. Македонија ја претставуваат петмина спортисти.
Денеска настапија двајца натпреварувачи. Младата скијачка прилепчанката Михаела Даноска во својот прв настап на игрите, на трката во Крос кантри – крос слободно го освои 74-то место (во конкуренција на 80 млади спортисти).

Додека пак, Андонаки Костоски во својот прв настап на игрите, на трката во Крос кантри – крос слободно го освои 84-то место (во конкуренција на 85 млади спортисти).
Претходно, македонскиот скијач Мирко Лазаревски претходно заврши на 40-то место во слалом.Тоа беше втора трка за скијачот, додека во дисциплината веле-слалом, заврши како 56-то пласиран.
Тренерскиот тим го сочинуваат Борче Јованоски и Антонио Ристевски, а предводник на експедицијата е новиот потпретседател на МОК и претседател на КФСМ, Перо Антиќ.

Би можело да ве интересира

Прва победа по пауза од 7 години за женската фудбалска репрезентација до 17 години

Прв меморијален шаховски турнир “МАТ”, учествуваа над 120 шахисти

Прилепските ракометни клубови донесоа бодови од гости

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе