16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Почина возач при работа во рудник во прилепско

Прилепчанец, возач на товарно возило, починал при извршување на работните задачи. Имено, вчера, во 11.15 часот, во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во рудник во Прилеп, Д. З. (67) од Прилеп, кој управувал товарно возило „сканија 113“, со велешки регистарски ознаки, при извршување работни задачи во рудникот паднал од камионот. Тој бил пренесен во Општата болница Прилеп, каде што од лекар била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Пожар во атарот на селото Дабница

“Бајачка” од Прилеп кривично ќе се гони за измама – земала злато и пари за да помогне за здравје

77 годишен прилепчанец предизивкал пожар на отворено и ја загрозил околината

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе