2.2 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

Јакнење на малцинствата и специфични групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедница II фаза

Успешната приказна за јакнење и промовирање на партиципативната демократија ЦГИ ја продолжува и во 2020 и 2021 година со поддршка од ifa/Zivik Федерална Канцеларија за Надворешни работи на Сојузна Република Германија. Овој проект со својот пристап се заснова на решеност да работи за млади и заедно со млади и да обезбеди услови во кои младите можат да го исполнат својот потенцијал како активни граѓани кои придонесуваат не само за нивниот личен и професионален развој, туку и кон развојот на целото општество.

Активностите на втората фаза ЦГИ ќе ги работи ви истите 10 општини како и претходната, ќе бидат вклучени млади, претставници од локални самоуправи, граѓански организации, медиуми, но овој пат во проектните активности ќе бидат вклучени и 10 средни училишта. Резултатите во работата ќе ги постигне со јакнење на млади – обуки за млади; младински кампови за развој на локални иницијативи; имплементирање на иницијативи подготвени од младите; застапување; организирање на отворени дебати; подобрување на соработката меѓу младите и состаноци со медиуми и поддршка од нив.

Би можело да ве интересира

Филмска проекција за хумана акција

Во среда 16 октомври во театар „Види, летам!“ претстава за траумите на лицата бегалци и лица без државјанство

Пела Редакција

Учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ практикуваа новинарство

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе