30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Расчистен и попесочен коловозот на превојот Плетвар

Од 19:10 ч. сообраќајот на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар и обратно е нормализиран за сите видови на возила и сообраќајот на превојот Плетвар се враќа во нормален тек, известуваат од АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ.
– Се работеше со 5 камиони и еден за товарање Со дополнителен ангажман и припомош на 2 екипи од Велес на ЈП Македонија пат, заедно со екипите од подружница Прилеп. Најтешка беше состојбата попладнево кај Беловодица каде наносите од снег беа и по 1 и пол метар, а дополнителни проблеми правеше силниот ветар. Коловозот е исчистен и попесочен, велат од ЈП Македонија пат, подружница Прилеп за Радио Пела.
Од таму уверуваат дека во текот на вечерта сообраќајот ќе се одвива нормално во зимски услови.

Би можело да ве интересира

Каква е излезноста на референдумот во Пелагонија?

(Видео) Колку зборови има македонскиот јазик?Учениците од СОУ „Наум Наумоски – Борче“ го одбележаа 5 мај , Денот на македонскиот јазик

Електро – машинци, ученици, се обучуваат во Комбинатот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе