Денеска, преставници од прилепската организација на Сојузот на борци и подржувачи на НОБ, заедно со преставници од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп ја одбележаа 76-та годишнина од смртта на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, еден од организаторите на антифашистичкото движење во Македонија.
Делегации од Општина Прилеп, Сојузот на борци, СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, здруженија и граѓани утрово положија свежо цвеќе пред спомен бистата во Алејата на народните херои и пред споменикот на Кузман Јосифоски – Питу во центарот на градот и на бистата на херојот во училиштето „Кузман Јосифоски-Питу„. Во рамки на одбележувањето на партониот празник, СОУ, кое го носи името на херојот, синоќа организира Свечена академија во театарот „Војдан Чернодрински„, со осврт кон богатата револуционерна биографија на херојот, рецитали и песни, за да му оддадоа достојна почит на својот патрон .
Кузман Јосифоски – Питу (Прилеп, 23 јуни 1915 еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938–1941) и на НОБ во Македонија (1941–1944). Бил прогласен за народен херој на Југославија на 2 август1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов – Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош и Мирче Ацев). Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев).