Регистриран првиот случај на корона вирус во Македонија, потврди на заедничка прес конференција во Владата, министерот за здравство Венко Филипче. Станува збор за жена која патувала во Италија, земјата каде во последните денови расте бројот на заразени од овој опасен вирус. Се работи за жена родена 1970 година која била во Иралија еден месец.
„Пациентката е позитивна за вирусот Ковид-19. Нема простор за паника. Епидемиолошките анализи укажаа дека таа веќе еден месец била во Италија. Веќе две недели е болна и иницијално се третирала во Италија, но таму не била тестирана за коронавирус и директно се упатила кон Инфективната клиника во Скопје откако пристигнала. Не претставувала опасност да ја пренесе болеста“, изјави Филипче.
Смирувачки тонови упати д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, да не се крева паника, зашто здравствените власти се подготвени за справување со новонастанатата состојба.
– Заразениот пациент е третиран согласно сите медицински протоколи, и сите државни служби се подготвени да реагираат со новонастанатата состојба. Апелирам до граѓаните целосно да се придржуваат кон препораките, посочи техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес конференцијата.
ПРЕПОРАКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА
- Задолжително и често да се мијат рацете со сапун и вода и тогаш кога не се видливо нечисти или да се користи чистач за раце што содржи алкохол, а при кашлање или кивање да се заштитат устата и носот со марамче или со дланката.
- По употребата марамчињата да се фрлаат во затворени канти, а при кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете. Ова се дел од препораките на Светската здравствена организација за заштита од коронавирусот.
- Потребно е да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни, да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање непреработена храна и да се мијат задолжително рацете по секоја нејзина подготовка, а при подготовка на месо и јајца тие убаво термички да се обработат.
- Покрај тоа, треба да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари, односно задолжително да се носат заштитна опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно, да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема, да се штити населението од настинки, односно да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.
- Патниците кои по пристигнување во територијата на Република Македонија имаат сомнителни симптоми слични на коронавирусот треба да се пријават на броевите за контакт што ги објави Министерството за здравство, а се поделени во региони.
Ова се тел. броеви за контакт при симптоми: