Традицијата за Прочка во Прилеп ќе се одржи, но карневалот се откажува, нема ниту да се одложи за некој друг ден, зашто тоа е традиција.
„Ние само ја откажуваме манифестацијата за оваа година, а семејното прославување на Прочка што како традиција го негуваме во нашиот град, се разбира дека ќе се породлжи“, соопшти градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.
Со оваа одлука Општината ја почитуваа препораките од Министерството за здравство и Владата на Македонија, донесени врз база на член 58, став 1, алинеја 4 од Законот за заштита на населението од заразни болести, со што Општина Прилеп ги откажува сите активности и настани кои се поврзани со годинешниот Меѓународен карневал „Прочка 2020“.
Граѓаните со различни ставои. Некој сметаат дека тоа е добра одлука, а некои дека е не потребна паника
Дополнително, градоначалникот Јованоски потенцираше дека согласно добиените препораки од Министерството за здравство и Владата, во наредните седум дена, во општината нема да се случуваат собири и настани од поголем обем на отворен и затворен простор.