7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Локалната самоуправа Кривогаштани ќе поднесе кривични пријави против неколкумина свои вработени

Општина Кривогаштани до Основното јавно обвинителство во Прилеп ќе поднесе кривична пријава против неколку вработени во локалната самоуправа по две основни и тоа за – Несовесно работење и Злоупотреба на службената положба и овластувања. Ова е епилогот од направените анализи на комисијата составена од внатрешни и надворешни членови за наводната штета од 2 милиони 706 илјади и 590 денари.
– Од причини што пред формирање на предметната комисија која ќе врши анализа на вака настанатата состојба против раководителот на одделението за финансии беше поведена дисциплинска постапка со цел утврдување на негова одгворност за кјоја дисциплинската комиција се изјасни дека не е стручна и и компетентна да врши оценка, ја известувам јавноста дека после конечно завршува на предметните анализи ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против сите одговорни лица за настанатата состојба поради основите за совменвање за сторени кривични дела: „Несовесно работење во службата“ и „Злоупотреба на службената положба и овластвувањата“, рече на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Кривогаштани Рубин Шефтероски
Адвокатот застапник Жарко Стевански, кој ги вршел предметните анализи вели дека станува збор за заобиколување и грубо кршење на законите околу финансиското работење.
– Согласно извршените анализи, согласно правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на локалната самоуправа и согласно законските овластувања кои ги имаат одредени раководни лица, се грубо заобиколени и прекршени правилата за работењето во смисла на водење на точна и јасна евиденција, контрола на подготовката на извршувањето на Буџетот на општината, како и следењето на приходите и извршувањето на трошоците на општината. Во тој контекст покрај раководителит на финансиската служба се опфатени уште две лица, рече овластениот адвокат Стеваноски.
Јавното обвинителство најпрво треба да се произнесе по пријавите, но независно ќе се води уште една дисциплинска постапка против тројцата вработени и во локалната општина Кривогаштани.
Станува збор за средства со кои што наводно вработени во финансиското одделение во општината направиле манипулација со должничко – доверителската финансиска состојба – не прикажувајќи ги реалните долгови на Општината кон правните субјекти. На таков начин локалната самоуправа Кривогаштани не успеа да ги покрие 51 отсто од долговите – на име на финансиска помош кое лани министерството за финансии го овозможи за општините во земјава.

Би можело да ве интересира

Доизградбата на манастирскиот водовод го чека стартот на градежната оператива

Елизабета Филипоска

Дизелот повторно поскапува

Ќе се вклучи ли Спасителната служба во Системот за спасување животи?!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе