0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

ЈП за ПУП Прилеп: Се укинува бесплатниот јавен градски превоз за две категории граѓани

Согласно препораките од Владата и Министерството за здравство, како превенција од коронавирусот, се укинува бесплатниот јавен градски превоз за две категории граѓани соопштија од ЈП за ПУП Прилеп.

Јавниот Градски Превоз при ЈП за ПУП Прилеп во координација со Општина Прилеп ги информира сите корисници на јавниот градски превоз,
дека од утре, четврток (12.03.2020 год), нема да важи бесплатниот превоз за ученици, исто така нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год).
Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.
Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки, се вели во соопштението од ЈП за ПУП.

 

Би можело да ве интересира

Витаминка на Worldfood Москва 2018

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Земјоделците ги очекува уште една тешка година, треба навреме да го заштитат производството

Пела Редакција

Во пресрет на ИЛИНДЕН македонската коњаница во Кривогаштани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе