12.3 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Србија – вонредна состојба, во војна со опасен противник

„Од денеска, Србија е во војна против опасен противник што мора да се победи. Тоа е борба за нас, нашите стари лица и за иднината на Србија, истакна вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ, а потоа прогласи вонредна состојба.
„Нашите стари лица ни изградија патишта, направија се што денес имаме и мораме да направиме се што можеме за да им помогнеме на тие луѓе. Сакам да се заблагодарам на сите луѓе, бројни лекари и сестри кои се ставија на располагање за нивната земја и народ“, порача Вучиќ.
„После искуствата што ги поминавме, нема доволно дисциплина во пораките што ги испративме. Врз основа на писмата што ми ги испратија, испративме писмо до претседателот на српскиот парламент. Писмата се пишани според член од Уставот кој вели дека кога Парламентот не е во состојба да се собере, тогаш Претседателот може да прогласи вонредна состојба. Ве известуваме дека донесовме одлука за прогласување на вонредна состојба на територија на цела Србија“, посочи Вучиќ.
Тој изјави дека ќе се преземат најтешките мерки, но и дека оваа битка е за старите и болни лица.

На српските граѓани нема да им биде забранет влез во земјата, додека на странците ќе им биде забранет. Оние што доаѓаат во Србија ќе треба да останат во карантин 14 дена, додека оние што доаѓаат од ризични земји ќе треба да останат во изолација 28 дена.

Вучиќ најави дека за прекршувањето на овие мерки затворската казна е три години.

Би можело да ве интересира

Пачешкоски поставен за генерален извршен директор на Тутунски Комбинат

Пуштен во употреба новиот мост во населбата Сточен пазар

Гордана Цветаноска

ФК Победа оштетена – бара воведување на видео систем при утврдување на судските одлуките

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе