11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

„Зголемувањето“ на откупната цена е само скапо платена ПР стратегија

Во името на новоформираните тутунски здруженија, кои не се дел од Сојузот на земјоделски здруженија (официјален претставник на интересите на тутунопроизводителите во Македонија), со јавно обраќање во врска со почетокот на тутунскиот откуп денеска реагираше Игор Мирчески, координатор. Јавното обраќање го пренесуваме во целост:

За жал и оваа година некој се обидува тутунопроизводителите да бидат пренесени жедни преку вода, или кажано со модерен жаргон ПРЕВЕСЛАНИ. Но овој пат обидот за превеслување на тутунарите е издигнат на највисоко ниво во кое директно учество има премиерот Ковачевски кој сакајќи да се прикаже како заштитник на тутунарите прв се пофали дека заедно со комбинатите и МЗШВ донеле одлука за зголемување на цените на тутунот за 20%. На оваа идеа за манипулација со тутунарите мора да им се оддаде признание. Имено вистината е следна: Премиерот и МЗШВ сакајќи да си обезбедат совршено алиби за тивкиот грабеж на тутунарите и при тоа, искористувајќи го зголемениот курс на доларот во однос на еврото, најпрво заедно со дел од откупувачите ги израмнија цените по класи во однос на доларот и мислеа тоа да му го продадат на тутунарите ,,како историско покачување на цените“ .

Оваа сигурно СКАПО платена ПР стратегија имаше три цели:

1.Премиерот да добие ситни политички поени во очите на тутунарите, на кои постојано ќе им ја сервираше изјавата: Како што ветив и остварив, историско покачување на цените во најкризната година во Европа по втората светска војна итн,итн. При тоа заборавајќи да спомене колку векни леб може да се купат со тоа ,,историско зголемување,, и за колку е опаднат животниот стандард на тутунарите и воедно на сите земјоделци воопшто.

  1. Откупувачите со ова добиваат мирен откуп, а при тоа не плаќајќи ни денар повеќе од ланската година бидејќи официјална валута за трговија со тутун е американскиот долар и оваа просечна цена која ќе се постигне за време на откупот им ја гарантира истата заработка.

3.Тутунарите гледајќи дека просечната цена која е за три – четириесет денари повисока од ланската година ќе бидат задоволни, нема да организираат протести и ќе го хвалоспеваат премиерот до небо. Но, заборавија на еден многу важен факт, односно, заборавија дека тутунарите се комплетни личности, образовани и начитани.

Затоа, ова наше јавно обраќање нема да биде до премиерот и министерот за земјоделие кои сакаа нас тутунарите да не манипулираат туку до откупувачите: Почитувани, Ве замолуваме оставете ги манипулативните игри на премиерот, министерот за земјоделие и партиските војници споени во некаков си сојуз настрана, бидејќи нивната функција е менлива, а вие и ние, живееме од оваа култура, па ако сакате и за следната година да го има тутунот на нашите ниви, додека е сеуште почеток на откупот, направете си реална проценка на просечната откупна цена, со која ќе бидеме задоволни и ние и вие, а која цена не би требало да биде пониска барем за 20% од производната, која за оваа година е приближно 239 ден. Ова наше јавно обраќање до вас сакаме да го сфатите како укажување за да се зачува оваа гранка која е во континуиран пад овие неколку години и од која имате корист вие,  државата и ние како производители. Бидејќи на крајот на денот ни вие можете без тутунарите ни тутунарите без вас, а демагогијата на лажните политиканти е минлива работа. Од вас зависи! ,  стои во јавното обраќање од Игор Мирчески, координатор на   новоформираните тутунски здруженија кои не се дел од Сојузот на земјоделски здруженија.

Би можело да ве интересира

Прилеп – празнување на 11 ти Октомври!

Гордана Цветаноска

20 -сет Прилепчани го носат вирусот на ХИВ/СИДА

Елизабета Филипоска

Прилепски Комуналец ја зголемува опфатноста со канти за селекција на отпад

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе