9.3 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Во Прилеп интензивно се чистат и дезинфицираат јавните површини

Почнувајќи од 5 часот утринава, ЈКП „Комуналец“, потпомогнати од екипи на ЈКП „Водовод и канализација“, Територијалната противпожарна единица од Прилеп започнаа со чистење и дезинфекција на улиците и јавните површини. Активностите се согласно препораките на Владата и Министерството за здравство за заштита на здравјето на граѓаните од КОВИД 19 .

„Започнавме со дезинфекција на контејнерите од 1м3, мрежестите контејнери, како и просторот околу нив. Во текот на денешниот ден ќе извршиме комплетна дезинфекција на сите контејнери во градот. Исто така, извршивме перење и дезинфекција во централното градско подрачје, на плочниците, а се дезинфицира и урбаната опрема, како и перење и дезинфекција на Терминалот каде што се врши царинење на одредена стока“, изјави Даре Цветаноски, раководител на сектор во ЈКП „Комуналец“-Прилеп.

Активностите на јавните комунални претпријатија за темелно перење и дезинфекција на улиците, плоштадите и јавните површини, ќе продолжат и во текот на следните денови.

Внимавајте на работата на комуналците!
Утре 19 март, во периодот од 5,00 часот наутро и во текот на денот, комуналците ќе вршат перење и дезинфекција во центарот на градот на плоштадите, патеките, клупите корпите за отпадоци и зидовите на жардењерите, во соработка со Кризниот штаб од Општина Прилеп.

Со оглед на непредвидливоста од времетраењето на чистењето и дезинфицирањето, се замолуваат граѓаните кои ќе имаат потреба од движење во центарот на градот, да внимаваат кога се движат, со цел да овозможат фронт за работа на комуналните работници, како не би се создавале нервози и кај вработените од Комуналец, но и кај граѓаните кои имаат итни и неодложни потреби, се вели во соопштението од ЈКП Комуналец.

 

 

Би можело да ве интересира

Времето повторно променливо

Пела Редакција

Општинскиот кризен штаб се мобилизира за заштита на имотите на граѓаните на општина Прилеп

Гордана Цветаноска

Ќе заседава Општинскиот кризен штаб

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе