Во висина од 13 милиони и 200 илијади денари, се намалуваат дел од обврските на малостопанствениците, за месец април и мај : угоститли, занаетчии, закупци на тезги…
Денеска Советот на Општина Прилеп донесе сет мерки: намалување на комуналните такси за фирмарина од 6000 ден. на 4000 ден. и надоместок за користење на преден дел од деловн просторот, од 15 ден. на 5 ден. како и намалување на рекламни објави на јавни места .
Закупците на тезги во пазарот и закупците на деловнен простор од ЈКП Пазари се ослободени од плаќање на закупнина за месеците април и мај . Правните субјекти од реонот на старата чаршија и самостојните занаетчии се осободени од надоместокот за комунален отпад .ЈКП „Комуанлец“, ги ослободи од плаќање и самохраните родители вработени во ЈКП „Комуналец“ и корисниците на социјална помош од плаќање на овој надоместок.
Нема да се исплајќаат ниту регресите и дневницте за служебни патувња на лицата вработени во ЛС и во ЈКП за 2020 година.
Советниците еднголасно ги прифатија овие предлози ,а Советот на Општина Прилеп ги одби предлозите кои предходно ги имаше доставена советничката група на ВМРО ДПМНЕ , поврзани со сет мерки за помош на занаетчиите, трговците угостителите…Меѓудруготео тие побараа и општината и ЈКП да ги стопираат привремените вработувања , и тие средства, оптината да ги намени за други потреби во согласнот со здравствената криза. Барањата се однесуваа и за исклучвање на непродуктивните трошоци на ЛС и намалување на користењето на јавниот превозен парк,но небеа како предлог мерки одобрени на денешнат Седница на Советот на Оптшина Прилеп