Хуманитарните луѓе, компании продолжуваат со донации за медицинскиот персонал во Општата болница „Борка Талески“ Прилеп. Заштитната опрема во ова време на пандемија е неопходна за непречена работа во сите одделенија во здравствените установи, особено таму каде на свет се носат нови животи.
Денеска, семејството Момироски, Зоран и Невена, со помош на графичкиот инженер Зоран Дамчески, и Конфекцијата Мартекс подарија маски, визири и ракавици за сите медицински сестри во гинеколошкото одделение, инаку, колеги на Невена Момироска.
„Секој човечки живот е важен, а здравјето и заштитата на здравствените работници кои се изложени на опасност од Ковид 19 е институционален приоритет“, вели новинарот Зоран Момироски.
Здравствените работници од гинеколошкото одделение упатија голема благодарност за донацијата.