6 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Утре движење низ Прилеп само со маски

Oд утре, среда 22 април, се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјето на општина Прилеп без носење на соодветна заштитна опрема – маска, шал, марама и слично, надвор од своите деомови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници и сл.

 

Општина Прилеп им препорачува на граѓаните , да го редуцираат излегувањето од своите домови. Тоа да го прават само од најнеопходни причини, односно заради одење на своите работни места, како и излегување од својот дом на само еден член на семејството, заради купување намирници и лекови од маркетите и аптеките.

Второ, врз база на новите мерки кои се однесуваат на општина Прилеп, заедно со ОВР – Прилеп подготвивме посебен оперативен план, кој стапува на сила од утре, за присуство и дејствување на полицијата на подрачјето на општина Прилеп преку користење на засилени патроли и засилено присуство на полицијата, користење на мегафонска опрема од полициските возила на јавните места и површини, со цел контрола над почитувањето на одлуките, мерките и препораките донесени од Владата .

„Во оваа прилика сакам да ги пофалам граѓаните, заради почитувањето на мерките на Владата за одржување на физичко растојание од минимум два метра. Имено, денеска со почетокот на исплатата на субвенциите за тутунот, пред сите банки е видливо дека граѓаните се придржуваат на мерките,  ја одржуваат потребната дистанца, при што најголем дел носат и заштитни маски. Во таа насока, денеска ја продолживме акцијата на делење бесплатни маски, која што ја започнавме пред Велигденските празници и која ќе продолжи во следните денови, односно се додека граѓаните имаат потреба од заштитни маски.“-истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски кој денешната средба со Кризниот штаб ја одржа преку интернет алатките за комникација и одговараше на новинарските прашања он – лајн.

                                                                                              Состојба во КОВИД 19

“Што се однесува до денешната состојба со КОВИД-19 во нашата општина, до овој момент нема новозаболени лица со коронавирус. Во Инфективното оддление се хоспитализирани 24 пациенти. 19 од нив се позитивни на коронавирус, од кои 3 се на кислородна поддршка. 5 пациенти се наоѓаат во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати. До сега, вкупно во Центарот за јавно здравје земени се 460 материјали, од кои 117 биле позитивни.“-истакна Јованоски

Инаку досета  целосно излекувани се 7 пациенти, со потврдени 2 последователно негативни брисови на КОВИД-19.  Шест пациенти се со еден потврден негативен брис, а за вториот се чека резултат. Во самоизолација се наоѓаат околу 500 лица.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Манифестација „Од 0 до култура“ – вечерва прилепската група „The Flames“

Пожарите во Мариово под контрола – активен е сеуште пожарот с.Дрен – с.Смолани

Пела Редакција

Кај Прилеп никнува „Парк на планетата Земја“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе