18.5 C
Прилеп
четврток, 19 септември, 2024
Пела Радио

Нови 7 инфицирани во Прилеп, и по 1 во Кривогаштани и Долнени

Денеска, среда, 22 април, во општина Прилеп се регистрирани 7 нови случаи на лица заболени од КОВИД-19 и по еден случај во општините Долнени и Кривогаштани, информираат од прес службата на Општина Прилеп.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица позитивни на коронавирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Четири пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати;
Во самоизолација се наоѓаат 334 лица;
Во текот на изминатото деноноќие, 3 лица не го почитувале полицискиот час, заради што ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Денеска Општина Прилеп подели 15.000 бесплатни заштитни маски. Од нив, 10.000 маски им беа дистрибуирани на претседателите на Урбаните заедници, 3.000 маски на Здружението на пензионери, 500 на Здружението на инвалидски пензионери, а останатите им беа поделени на граѓаните кои беа затекнати пред банките, маркетите, Градскиот пазар и Старата чаршија.

Би можело да ве интересира

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Прилеп со донација за болницата

Гордана Цветаноска

ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА, ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКВА

Елизабета Филипоска

Бесплатен влез во музеите за Светскиот ден на културното наследство-18 април

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе