Идниот претседател Небојша Стојковиќ и Спортскиот директор Јане Николоски на фудбалерите на Победа им го преставија новиот член на Стручниот штаб-Тони Мегленски. Мегленски по една година се враќа во клубот каде помина најголем дел од својата кариера, а му остана верен и во најтешките моменти и се натпреваруваше во Третата лига. Како капитен ја предводеше Победа на патот кон враќањето во Првата лига подгигнувајќи ги пехарите за освоеното 1-во место и во Третата и во Втората лига.
Мегленски со Победа беше шампион на Македонија 2003-2004 и 2006-2007 и победник во Купот на Македонија во сезоната 2001-2002. За Победа одиграл над 250 првенствени натпревари а постигнал 23 голови. Има и 3 настапи за сениорската А репрезентација на Македонија во квалификациски и 8 настапи во пријателски натпревари.
Мегленски поседува А тренерска лиценца стекната со практично и теоретско полагање пред стручните лица на Центарот за едукација при ФФМ. Со своето богато искуство и авторитет несомнено ќе го подигне нивото на квалитетната стручна работа со екипата.
По прифаќењето на понудата од клупското раковдство Мегленски истакна:
-Со задоволство ја прифатив понудата која не можев да ја одбијам да помогнам на Победа. И во минатото секогаш сум бил со клубот и сум помагал во неговите најтешки денови. Ќе бидам на располагање со сето мое знаење и искуство да помогнам, иако постои можност за интернационален тренерски ангажман.