13.9 C
Прилеп
среда, 9 октомври, 2024
Пела Радио

ТРОЈЦА КАНДИДАТИ ЗА НОВ ТРЕНЕР НА РК ПРИЛЕП

Плеј-аутот од машката ракометна Супер лига не е завршен, останува уште последното коло, но уште од пред неколку дена се знае дека Горан Кузманоски – Таста заминува од местото шеф на Стручниот штаб на Прилеп, тим кој го обезбеди опстанокот и деветта сезона во серија ќе биде суперлигаш. Во клубот се ангажирани кон изнаоѓање на стручњак што ќе го пополни испразнетото место.

„Двегодишниот договор со Кузманоски заврши, а истиот не можеме да го продолжиме само поради финансиите. Нему му треба нов предизвик каде ќе се пронајде, а ние мораме да одиме со тоа што го имаме во моментот. Имаме две-три опции, од градов и отстрана, па ќе избереме што е најдобро. Треба да биде тренер со визија за модерен ракомет, за да се вклопи на досегашното работење на Кузманоски. За максимум две недели ќе биде известена јавноста за новиот тренер“, за емисијата „Спортски журнал“ на Радио Пела рече Александар Мариновски, претседател на РК Прилеп.

Кузманоски ќе го води Прилеп уште само на мечот во Радовиш.

Извор: www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

Стружанка е новиот женски кадедски шамипон

Елизабета Филипоска

РК Прилеп сеуште на дофат до сигурен опстанок во Супер лигата

Пела Редакција

Даноски го засилува нападот на Победа!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе