16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Се дезинфицираа јавните простории во зградите

После вчерашната дезинфекција на улиците во градот, денеска беа дезинфицирани јавните површини пред станбените згради, влезовите и скалите, се’ до највисоките катови на зградите.

Акцијата ја спроведоа триесетина волонтери, кои согласно планот на Општинскиот кризен штаб, кои со електрични и моторни пумпи ги дезинфицираа сите згради на територијата на Прилеп.

„Со почетокот на новата работна недела, градоначалникот Илија Јованоски и Општинскиот штаб за управување на кризи, ќе одлучат за начинот на кој ќе продолжи справувањето со пандемијата на КОВИД-19 и, во таа насока, за евентуалното преземање нови мерки.„- информираат од одделот за односи со јавност, при Локалната самоуправа -Прилеп

Би можело да ве интересира

До каде е изградбата на фекалната канализација во с. Норово?

Без утврдени цени, се подготвуваат договорите пред новата реколта

ОТКРИЕНИ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ КАЈ МАРКОВИ КУЛИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП V-ти И ПЕРСЕЈ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе