16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Казна за 25 прилепчани поради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Прилеп  поведе постапка за вкупно 25 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

За обвинетите за одделни кривично правни настани, во периодот од 23.04.2020 до 28.04.2020 година, обвинителството поднесе  предлози  за издавање казнени налози до Основните судови во Прилеп и Крушево, заради непочитување на мерките на Владата за спречување на Ковид-19, односно заради прекршување на полицискиот час.

За секој од обвинетите, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби со вредност на глобата од 20 евра во денарска противвредност.​

Фото: Мики Николоски

Би можело да ве интересира

Краделе во каменолом, уапсени двајца прилепчани

Малолетник поврден возејќи четирицикл на локалнио пат во Крушево

Ги следеле со автомобил, па ги нападнале

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе