7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Уката за медиумска писменост вроди со плод

Со цел да се зајакнат знаeњата кај младите за медиумската писменост, 10-ина млади луѓе од трите општини: Прилеп, Кривогаштани и Долнени учествуваа во проектот Дебатно против „медиска“ неписменост, кој го спроведе граѓанската организација АГТИС со медиумска поддршка на Радио Пела.

Учесниците , преку работилница,  дебати, средби со новинари, професори, граѓански активисти, имаа можност да се едуцираат, како да ги препознаваат лажните вести,  да ги детектираат настаните во опшествената заедница кои им се корисни и потребни, да се информираат за  начинот на формирање на вест во медиумите и штетноста од лажно пласирани вести во етер и на социјалните мрежи , со единствена цел научат да градат, свое, критично мислење и да внимаваат на злоупотребата на инфомрацијата која ја споделуваат.

Проектот , кои траеше 6 месеци,  беше заокружен, со одлична видеоа проекција, изработена од учесниците, (во услови на КОВИД 19) во која, тие, ги пренесоа своите искуства, впечатоци и сознанија од активното учество во проектот, кој имаше за цел градење на медиумски капацитети кај младите, НВО секторот, локалните и регионалните медиуми и нефромалните групи, преку методот „Известување на заедницата“.

Со оглед на новонастанатата ситуација во светот со КОВИД 19, учесниците, наместо лично, добија дипломи за успешна активност, преку маил.  Дипломи од АГТИС им беа доделени на :  Кирил Дамјаноски, Теона Крстеска, Христина Ристеска ,  Михаела Седлоска,  учесници од Општина  Прилеп ; Михаела Петреска, Јована Мискоска и  Ева Пупалеска учесници од Општина Кривогаштани; и , на Антонио Ѓурчиноски, Асема Папиќ и Алмина Даутовиќ, учесници од Општина Долнени.

А,  изработената видео проекција, од дел од учесниците, беше емитувана на програмата на Радио Пела, во рамките на емисија #SediDomaSoRadioPela

 

https://www.facebook.com/radiopela/videos/546093952949646/UzpfSTMyNzkyNDI4MTA1MToxMDE1ODUyOTYzNzQ3MTA1Mg/

Прилогот започнува од 58,12 мин.

Дека учењето зе медиумска писменост н вроди со плод, говор што дел од младите направија карикатури на оваа тема, сатирични кратки видеа,  а некои станаа и дел од емисијата „Од Млади за млади„ на Радио Пела , пренсувајќи ги своите искуства , „како правилно, точно и одговорно да ја информираат јавноста“ кога имаат можност јавно говорат на медиум.

Ова е дел од проектот „Дебатно против медиска неписменост“ кој го спроведува АГТИС, во рамките на проектот финансиран од Европската унија „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, спроведуван од Metamorphosis Foundation и Eurothink – Centre for European Strategies.

Би можело да ве интересира

ГЛАСАЈТЕ ЗА ПЕЈАЧ ИЛИ ЗА МУЗИЧКА ГРУПА

Гордана Цветаноска

„Маѓепсан круг“- театарска претстава за спречување на трговијата со луѓе

Пела Редакција

Аудио книга со балкански детски приказни за деца и млади за доближување на културните разлики

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе