0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Како и кога настанала песната „Ѓурѓовден”?

Многу мина мислат дека оваа песна е љубовна песна, меѓутоа многу малку знаат всушност како е настаната таа песна и кое е нејзиното значење.

6 Мај ,Ѓурѓовден , 1942 година. Ладно Сараевско утро. Тогашната хрватската полиција, издала наредба на Србите да им се припреми „ѓурѓовденско ранобудење”. Па, во четири часот наутро низ градот се движеле колони на српски затвореници од логорите, касарните и затворите. На брегот на „Калина бана„ ги чекал возот на смртта, кој од Сарајево ги носел за Јасеновац. Во колоните затвореници имало некаде над 3,000 млади луѓе. Попатно биле провоцирани од Хрватите со извиците „Ве водиме на славење во Јасеновац“.

На вагоните пишувало „седум коњи или четириесет војници”, но во еден вагон биле сместувани и по 200 заробеници. Гладни и жедни попатно кон Јасеновац, луѓето паѓале во криза од страв и неизвесност. Во таа општа, хаотична ситуација, еден од затворениците иако во грч и страв, пркосејќи му на стравот запеал:

„Пролече на моје раме слече
Џурџевдан зелени
Џурџевдан зелени
Свима осим мени .
Друмови одоше,а ја остах
нема звезде „Данице“,
нема звезде „Данице“,
моје сапутнице .“

Заради неговото пеење, полицијата и војската ги затвориле шиберите на вратите и поради многубројноста почнале да се гушат без воздух. Од 3.000 затвореници, поради загушување во Јасеновац стигнале само 200 преживеани. Меѓу преживеаните бил и професорот Жарко Видивиќ, истакнат историчар и филозоф, преку кој се дознало за овој случај, и за постанокот на оваа песна.

(Фотографијата е автентична од немилиот настан)

Под влијание на ова случување музичарот ја преработил оваа песна која постана светски хит, и е опеана на многу светски концерти.(Понатаму во песната се пее…)

„Ево зоре,ево зоре ,
Богу да се помилим ,
Ево зоре,ево зоре ,
еј Џурџевдан ,је ,
а,ја нисам с оном коју волим “.

За жал,оваа песна се пее на семејни веселби , незнајќи за немилиот настан што бил причина за настанување на песната .

Но,ова е еден запис како опомена, никогаш во иднина да не се повтори.

„Еј ,коме сада моја драга
на Џурџевдан мирише e,
на Џурџевдан мирише ,
мени никад више.“
Преземно од Facebook објавата на Владимр Петрески

Би можело да ве интересира

Католиците го слават Велигден

Гордана Цветаноска

Мала делегација одржа комеморација во чест на жртвите од Првата Светска Војна на германските гробишта во Прилеп

Елизабета Филипоска

Семејството на 43 годишниот прилепчанец кој е на респиратор, моли за финасиска помош за болничките сметки

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе