25.3 C
Прилеп
четврток, 23 јули, 2026
Пела Радио

Поскапуваат бензините и дизелот

Од полноќ повисоки цени на бензините и дизелот, за 2 и 2,5 денари од литар. На денешната редовна седница, Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година.

Со тоа, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,50 ден/лит.

Од 19.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95    87,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98    89,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   92,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,814 (денари/килограм)

Се работи за максимални цени, а бензинските пумпи можат да дадат и пониски цени за крајните потрошувачи.

Би можело да ве интересира

Прилеп има активни 294 Ковид случаи, од кои 15 на болничко лекување

Земјоделците да ја пријавуваат штетата од невремето во Општина Прилеп

Учениците од СОУ ОРДЕ ЧОПЕЛА подаруваа бадникови гранчиња

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе